СДИ
како средство за унапредување на
конкурентноста
и на практиките за добро корпоративно
управување
Многу
анализи потврдуваат дека странските
директни инвестиции (СДИ) можат да имаат
силни позитивни ефекти врз економскиот
растеж на земјата – домаќин, но и за
унапредување на вкупното работење на
локалните фирми. Користите од СДИ за
земјата – домаќин, во основа, се сведуваат
на пренесување нова технологија,
унапредување на квалитетот на човечкиот
капитал, зголемување на продуктивноста
на локалните фирми, како и придонесување
за интеграција на земјата - домаќин во
меѓународната трговија. Истовремено,
СДИ вршат силно влијание врз промената
и унапредувањето на корпоративното
управување кај локалните фирми и врз
поттикнувањето на конкурентно деловно
опкружување. Сето тоа, се очекува да
води кон повисок економски растеж, како
главен инструмент за намалување на
сиромаштијата во тие земји.
Практиката
во економиите во подем и во поранешните
социјалистички земји потврдува дека
СДИ придонесуваат за креирање на
општествено одговорни корпоративни
политики во домашните фирми. Под нивно
влијание локалните фирми се присилени
да ја менуваат и унапредуваат својата
практика на управување во правец на
начинот на кој што тоа го прават странците.
На тој начин, локалните фирми го
зголемуваат интересот на странците за
соработка со нив, ја подобруваат својата
конкурентска позиција, а со тоа ја
зголемуваат и својата пазарна вредност.
Доколку сакаат да се натпреваруваат со
странците, локалните фирми би требало
да ги прифатат практиките на корпоративно
управување на СДИ кои доаѓаат од повисоко
развиените економии.
Локалните
фирми, кои не им се конкуренти на
странските фирми, туку се јавуваат како
снабдувачи или купувачи од СДИ, исто
така би требало да бидат насочени кон
подобрување на нивните практики на
корпоративно управување во правец на
ефективна соработка со подобро
управуваните СДИ. Тие треба да ги прифатат
очекувањата и стандардите на СДИ кои,
особено, се однесуваат на вршење соодветни
промени и унапредувања што се однесуваат
на креирање квалитетен состав на одборот
на директори, соодветно наградување на
извршните директори, концентрација на
сопственоста и заштита на правата на
инвеститорите (акционерите).
Според
тоа, локалните фирмите со поквалитетно
корпоративно управување ќе развијат
подобра репутација на пазарот, што
повеќекратно ќе ја поттикнува нивната
конкурентска способност. Оттаму
произлегува заклучокот дека интензитетот
на конкуренцијата е силен фактор за
воведување подобра корпоративна
практика.
Зголемената
конкуренција од СДИ може да се смета
како корист особено ако таа ги стимулира
домашните фирми да воведуваат нова,
“почиста“ технологија, да креираат
иновации и да работат поинтензивно и
попродуктивно. За земја со низок степен
на економски развој, особено е значајно
што СДИ предизвикуваат зголемување на
вложувањата за истражување и развој.
Тие унапредувања, пак, можат да придонесат
локалните фирми да го зголемат своето
пазарно учество.
Најпосле,
поради економијата на обем, СДИ можат
да вршат диверзификација на производството
и на технологијата. Сето тоа ги присилува
домашните фирми да ја зголемуваат
својата ефикасност и на тој начин да им
станат, колку-толку, конкурентни на
странските инвеститори.
Покрај
од економијата на обем, многу позитивен
надворешен ефект од СДИ произлегува од
нивните високи почетни капитални
вложувања, супериорните знаења и
напредната технологија. Од тие причини,
тие имаат најдобра репутација од сите
типови меѓународни капитални текови
Додека кусорочните капитални текови
во литературата понекогаш се нарекуваат
“лош холестерол“, СДИ го носат епитетот
“добар холестерол“ (Hausman and Fernandes-Arias,
2000). Причината за тоа е што СДИ се сметаат
за долгорочни, стабилни капитални
приливи, кои можат да ги остварат погоре
спомнатите позитивни ефекти врз
економијата на земјата домаќин. Од друга
страна, кусорочните приливи често се
квалификуваат како нестабилни,
шпекулативно мотивирани меѓународни
финансиски текови, со потенцијал за
дестабилизација на економијата.
Меѓутоа,
и покрај сите досега наведени позитивни
карактеристики на СДИ, постојат анализи
кои укажуваат дека особено земјите во
развој не би требале да завземат
некритичен став кон користите од нивниот
прилив во домашната економија. Особено
во малите земји, големите мултинацинални
компании можат да остварат преголема
пазарна моќ. Во такви услови и при толку
високо поставени стандарди од страна
на СДИ, често се случува влегувањето на
нови домашни фирми во соодветните
индустрии, каде што веќе влегле СДИ, да
биде исклучително тешко. Дури, странските
инвеститори можат да предизвикаат
намалување на бројот на фирми во
соодветната индустрија, ако најмалку
ефикасните локални компании бидaт
присилени да излезат од тој бизнис.
Доколку станува збор за земји на релативно
ниско ниво на технолошки развој, домашните
фирми тешко ќе можат да успеат да им
бидат и добавувачи на странските
компании. На тој начин, позитивните
ефекти (прелевањата) од СДИ за домашната
економија се намалуваат, а странските
компании функционираат како изолирани
острови во рамки на домашниот економски
амбиент.
Ова
не го намалува потенцијалното значење
на СДИ за динамизирање на растот,
конкурентноста и продуктивноста во
земјите домаќини. За тоа доволно говори
фактот дека практично во сите земји во
светот постои некој вид државна агенција,
задолжена за привлекување на странски
инвестиции и некоја програма за даночни
олеснувања и други субвенции насочени
кон странските фирми.
Она
по што меѓусебно се разликуваат земјите
домаќини се резултатите од приливите
на СДИ. Емпириските истражувања покажуваат
дека во некои од нив СДИ остваруваат
силно влијание врз порастот на економскиот
раст и конкурентноста на домашните
компании, додека во други земји тие
резултати се многу послаби. Тоа не води
до заклучокот дека придобивките од СДИ
не доаѓаат автоматски, туку пресудно
зависат од ситуацијата и условите во
земјата домаќин.
Со
оглед на тоа, клучното прашање со кое
се соочуваат креаторите на економската
политика и академските истражувачи е
кои фактори најсилно влијаат врз
максимирањето на користите од присуството
на странските корпорации во домашната
економија? За жал или за среќа, не постои
универзален рецепт, кој би важел за сите
земји. Но, практичното искуство и научните
студии сугерираат дека во најголемиот
број случаи фокусот треба да се насочи
кон зголемување на квалитетот на
образованието (на прво место!), изградба
на физичката инфраструктура (транспорт
и енергија) олеснување на пристапот до
финансирањето, подобрување на
инвестиционата клима, итн. Вештината
на носителите на економската политика
е да ја одберат комбинацијата на мерки
која ќе извлече најмногу позитивни
ефекти од приливите на СДИ за нивната
национална економија.
FDI
as a means of improving
competitiveness
and good corporate governance
Numerous
analyzes confirm that foreign direct investment (FDI) can have strong
positive effects on economic growth of the host country, but also for
improving the overall performance of local companies. Benefits of the
FDI are generally focused on transferring new technology, improving
human capital quality, increasing productivity of local companies, as
well as contributing to the integration of the host country in
international trade. At the same time, FDI exert significant
influence on the growth and improvement of corporate governance among
local companies and on the encouragement of a competitive business
environment. These combined factors expected to contribute to higher
economic growth, as the main instrument for poverty reduction in
those countries.
The
experience of the emerging economies and in the former socialist
countries confirms that FDI contributes to creating socially
responsible corporate policies in domestic companies. FDI influence
local companies to change and improve its management practices in the
manner used by the investors. Thus, the interest of the foreign
investors fro cooperating with local companies is increased, the
local companies improve their competitive position and thereby also
increase their market value. If they want to compete with foreign
companies, the local companies should adopt corporate governance
practices of FDI that come from the developed economies.
Local
companies that are not competitive with foreign firms, but act as
suppliers or buyers from the foreign investors should also be
directed to improve their corporate governance practices for the
purpose of effective cooperation with the successfully managed FDI.
They need to accept the expectations and standards of FDI which, in
particular, are related to the changes and improvements related to
quality composition of the board of directors, appropriate
remuneration of executive directors, concentration of ownership and
protection of investors' rights (shareholders).
Therefore,
local companies with better corporate governance will develop a
better reputation in the market, which will multiply further their
competitive ability. Hence the conclusion that the intensity of
competition is a strong factor for introducing better corporate
practices.
Increased
competition from FDI can be considered as beneficial especially if it
stimulates domestic companies to introduce new "cleaner"
technology, create innovation and work harder and be more productive.
For a country with a low level of economic development, it is
important that FDI have impact on the increase in investments in
research and development. These improvements, in turn, can contribute
to local companies increasing their market share.
Finally,
due to economies of scale, FDI can exert diversification of
production and technology. This requires domestic companies to
increase their efficiency and thus come to be competitive with
foreign investors.
Apart
from the economy of scale, a very positive external effect of FDI
stems from their high upfront capital investments, superior knowledge
and advanced technology. For these reasons, they have the best
reputation of all types of international capital flows. While
short-term capital flows in the literature are sometimes called "bad
cholesterol", FDI carry the epithet "good cholesterol"
(Hausman and Fernandes-Arias, 2000). The reason for this is that FDI
are considered as long-term, stable capital inflows, which can
achieve the above-mentioned positive effects on the economy of the
host country. On the other hand, short-term inflows are often
classified as unstable, speculative motivated international financial
flows, with the potential to destabilize the economy.
However,
despite all previously mentioned positive characteristics of FDI,
there are analyzes which indicate that developing countries should
take up uncritical attitude towards the benefits of their inflow in
the domestic economy. Especially in small countries, large
multinational companies may exercise too much market power. In such
conditions and with such high standards set by FDI, it can be
extremely difficult for new domestic companies to enter the relevant
industries which have benefited from foreign investments. Moreover,
foreign investors may reduce the number of companies in an industry,
the least effective local companies can be forced to get out of that
business. In case of countries with a relatively low level of
technological development, it is a challenge for domestic companies
to be suppliers of foreign companies. Thus, the positive effects
(spillover) of FDI for the domestic economy may also decline, and
foreign companies may be forced to operate as isolated islands within
the domestic economic environment.
This
does not reduce the potential significance of FDI for acceleration of
growth, competitiveness and productivity in the host countries. The
establishment of some kind of a state agency in charge of attracting
foreign investment and a program of tax concessions and other
subventions aimed at foreign investors in practically all recipient
countries is enough evidence of their importance.
However,
the results of FDI inflows are different among the host countries.
Empirical research shows that some FDI profoundly influence the
increase of economic growth and competitiveness of domestic
companies, while in other countries there are much weaker results.
This leads to the conclusion that the benefits of FDI do not come
automatically, but crucially depend on the state of affairs and
conditions in the host country.
Taking
everything into consideration, the economic policy makers and
academic researchers face the key question which factors strongly
influence maximizing the benefits from the presence of foreign
corporations in the domestic economy? Unfortunately or fortunately,
there is no universal recipe, which would be valid for all countries.
However, practical experience and scientific studies suggest that in
most cases the focus should be directed towards increasing the
quality of education (primarily!), construction of physical
infrastructure (transport and energy), facilitation of access to
financing, improvement of investment environment etc. The skill of
the economic policy makers is to choose a combination of measures
that will produce the most positive effects of FDI inflows to their
national economy.
Странски директни инвестиции се составен дел од отворен, меѓународниот економски систем и се голем потенцијален катализатор за развој, што е причина да се најдат како предизвик на агендите на политичарите и како тема за анализа и сугестии на академската средина.
ReplyDeleteШто се однесува до Македонија и СДИ, прегледот покажува дека тие се намалени за
-17.63 милиони евра во септември 2015 год. Во периодот од 2003 до 2015, СДИ се со просек од 36.87 милиони евра, достигнувајќи го највисокото ниво за целиот период од 506 милиони евра во ноември 2007 и рекорно најниски -48.03 милиони евра во јули 2010 год.
Освен тоа што бројките покажуваат дека нашиот извозен двигател се СДИ (Бунарџик), теоретски, како бенефити од СДИ за Македонија, може да се споменат:
- зголемување на понудата на капитал;
- трансфер на технологии и знаења;
- генерирање на вработувањето и на човечкиот капитал;
- развојот на претпријатијата, преку мрежни линкови и “spillover” ефекти.
Степенот до кој потенцијалните позитивни екстерналии од СДИ се остваруваат во практиката, најверојатно, ќе биде под влијание на различни фактори на макро и микро ниво.
Во овој контекст, дека веќе се знае дека во Ирска, ирските фирми се фокусирани на меѓународните можности за снабдување реализирано преку формирање на нова агенција т.н. Enterprise Ireland. Оваа агенција работи со индустријата за подобрување на продажбата, извозот и профитабилноста, преку низа на програми за поддршка, со светска мрежа на канцеларии за обезбедување на ресурси, кои служат за идентификување на меѓународни можности за снабдување. Оваа агенција се смета особено заслужна за појавата на Ирски МНК во постигнувањето на своите цели со странство.
Клучните политички прашања се поврзани со создавање услови за привлекување странски инвестиции, заедно со политиките за поттикнување и олеснување на различни форми на соработка помеѓу инвеститорите и домашните претпријатија.Политиката за привлекување на СДИ подразбира вклучување на:
-промотивни активности;
-креирање соодветна и ефективна правна и регулаторна рамка;
-“capacity building” програми за потенцијални добавувачи кои вклучуваат обука и обезбедување квалитет;
- разновидни услуги за поддршка на бизнисот и влучените посредници.
Зајакнување на конкурентноста на претпријатија подразбира и самата компанија да поседува карактеристики како на пример, ефикасно и ефективно да ги користи ресурсите, да бидат подготвени и способни за растечкиот капацитет, да бидат подготвени да инвестираат, како и да покажат спремност да прифатат иновации и понапредна технологија, гледајќи агрегатно - да придонесат за подобрување на нашата економија.
Друг важна стратегија за промовирање и зајакнување на врската помеѓу СДИ и претпријатијата е достапноста и олеснување на пристапот до кредит, заради подобрување на трговијата и инвестицискиот капацитет на претпријатијата. Пристапот до финансии за цел развој може да биде зголемен со обезбедување дека договорите се лесно применливи; прашањата за колатерал и безбедност се конкурентно решени; законските рамки овозможуваат доволен број и вид на финансиски инструменти кои ќе се користат и сл.
Кај земјите во транзиција, врската меѓу компаниите и СДИ ќе биде помогната доколку обезбедувањето на поддршка за интернационализација на домашните фирми во развиените земји се реализира преку соработка со агенциите за поддршка на бизнисот кај некоја земја во транзиција. Ова би можело да помогне да се олесни пребарувањето на партнер а воедно и фирмите да се подготват за соработка со локални добавувачи, вклучувајќи зголемување на свеста и разбирање на локалната бизнис култура, план за соработка како и реализација на обуки, изборот на вработени и сл.
Бидејќи СДИ произлегуваат од развиените земји, инвестирањето освен како профит, тие може да го гледаат како предизвик, односно тамошните креатори на политика треба да бидат benchmark за значењето на општествената одговорност, развивање на се поактуелниот менаџмент наснабдувачки синџири, носители на проекти за техничка помош или инфраструктура за компаниите кај земјите во развој.
Доц.д-р Татјана Бошков