Fatmir
Besimi PhD
Deputy-President
of the Government of RM for European Affairs
Dimitar
Bogov MA
Governor,
National Bank of the Republic of Macedonia
ЕДИНСТВЕНИОТ
ЕВРОПСКИ ПАЗАР И ПЕРСПЕКТИВИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА
Единствениот
пазар на Европската Унија.
Едно
од најголемите достигнувања во процесот
на повеќедецениската интеграција, со
единствена цел да обезбеди поголем
слободен пазар, без непотребни пречки,
за слободно движење на стоки, услуги,
луге и капитал. Денеска, единствениот
европски пазар вклучува 28 најразвиени
држави во Европа и брои речиси 510 милиони
жители, воедно и потенцијални потрошувачи,
со БДП од над 14 трилиони евра и највисока
поторшувачка моќ на планетата.
Корист
за економијата на Република Македонија.
Благодарејќи
на договорите и трговските односи со
Европската унија, од 2001 година, со
стапувањето во сила на трговската
Времена спогодба, односно од 2004 година
со влегувањето во сила на Спогодбата
за стабилизација и асоцијација, нашите
компании, имаат речиси целосен пристап
на големиот единствен пазар на Европската
унија, без никакви ограничувања и царини
(освен за некои производи за кој е
договорен посебен или делумно ограничен
пристап на пазарот на ЕУ). Во изминатиот
период од над десет години развој на
трговските односи, трговијата на
Република Македонија со ЕУ достигна
ниво од околу 75% од извозот и околу 45% од
увозот (или околу 56% од вкупната трговска
размена за 2014 година). Во исто време
нашиот правен и институционален систем
континуирано се прилагодува кон правото
на европската унија и во делот на слободен
проток на стоки, услуги, луѓе и капитал,
вклучително и со широка примена на
европските стандарди. Нашата предност
е во поволностите што ги нуди
преференцијалниот третман на нашите
производи во Спогодбата за стабилизација
и асоцијација, блискоста на пазарот и
помалите транспортни трошоци и можноста
за полесно деловно поврзување на нашите
компании со европските компании. Но,
без зголемување на квалитетот и
безбедноста на производите и услугите,
правопропорционално се намалуваат
шансите за опстанок и на домашниот
пазар. Во оваа насока од исклучителна
важност е Агендата за поврзаност на
регионот на Западен Балкан, во областите
на транспортна и енергетска инфраструктура,
како и во однос на информатичко-комуникациска
технологија и образование.
Предизвици
за компаниите од Република Македонија
Иако
можностите за нашите компании се огромни,
нивното целосно искористување бара,
покрај вложувања од страна на државата
во содавање на правни и институционални
предуслови, исто така и непрекинато
вложување од страна на компаниите, во
развивање на човечкиот капитал и трансфер
на нови современи технологии за
прозиводство на производи со висок
квалитет и безбедност, како и прилагодување
на потребите на европските потрошувачи
и способност да се издржи отворената
конкуренција со другите компании широм
светот со кои Европската унија има
договори за слободна трговија. За
споредба, инвестициите во образованието
во ЕУ-28, последните пет години се на ниво
од 5% до 5,5%, а во Македонија се околу 4% од
БДП. Значи, имаме релативно ниска
инвестиција споредено со ЕУ, и тоа
станува поочигледно кога се има во
предвид дека нашето БДП по глава на
жител е само 36% од просекот на ЕУ.
Инвестициите во науката и иновациите,
односно во истражувањето и развојот,
исто така треба да се зголемат, со цел
да се зголеми конкурентната способност
во домашната економија. Колку за споредба,
во ЕУ-28 инвестициите во истражувања и
развој се околу 2% од БДП и се планира да
достигнат 3% до 2020 година, додека во
Македонија моментално имаме само 0,2% од
БДП. Ваквите вложувања не се прашање на
избор туку прашање на опстанок, вклучително
и на домашниот пазар поради зголемениот
конкурентски притисок на европските
компании и производи на македонскиот
пазар.
Улогата
на странските инвестиции
Разликите
меѓу земјите во нивото на доходот главно
се рефлексија на јазот во продуктивноста.
Високото ниво на странски инвестиции
во Централно европските и Балтичките
земји доведе до стеснување на јазот во
продуктивноста и доходот со старите
членки на ЕУ. Според истражување на
Австриската народна банка, во периодот
1996-2011, најголем пораст на учеството во
глобалната трговија оствариле токму
Балтичките и Централно европските
земји. Истовремено тие оствариле и
најголем пораст на учеството на производи
со повисока додадена вредност. Не
случајно. Иако мултинационалните
компании на почетокот префрлуваат
производство со помала додадена вредност,
тоа се пософистицирани производи од
оние кои дотогаш земјите ги произведуваат.
Како расте продуктивноста, растат
трошоците за работна сила и се менува
структурата на производите кон такви
со повисока додадена вредност. Според
истражувањето на Арнолд и Јаворчик
(2009), странските инвестиции ја поттикнуваат
продуктивноста во земјата, ги зголемуваат
инвестициите, ја поттикнуваат интеграцијата
во глобалната економија. Клучни фактори
во растот на продуктивноста се инвестициите
во истражување и развој (И&Р), технички
вештини и менаџерски вештини.
Мултинационалните компании создаваат
46% од вкупните вложувања во истражување
и развој и 69% од вкупните вложувања за
И&Р на бизнис секторот (УНКТАД, 2005).
Буџетот на Форд за И&Р е поголем од
вложувањата за И&Р на Шпанија и
Швајцарија. Буџетот за И&Р на Дајмлер
Крајслер е поголем од оној на Белгија
и Израел. Фармацевтскиот гигант Фајзер
има поголем буџет за И&Р од Бразил.
Учеството на странските компании во
инвестициите во И&Р изнесува 72% во
Ирска, 63% во Унгарија, 47% во Чешка, 45% во
Шведска. Мултинационалните компании
вршат трансфер на знаење и кон нивните
локални добавувачи со што ја поттикнуваат
продуктивноста и кај нив.
Перспективата
за економска интеграција на Македонија
Во
една ваква констелација на економски
околности, нашите државните институции
и економски оператори, немаат друга
опција освен да ги следат новите трендови
на продлабочување на единствениот
европски пазар. Тоа го налага структурата
на нашата економија и нашите длабоки
трговски односи со пазарот на Европската
унија. Комплексноста на процесот,
неговата динамика и важноста за брзи
реакции и донесување на валидни одлуки
претпоставува дневна, структурна и
искрена соработка помеѓу државните
институции како креатори на условите
за бизнис и економските опреатори како
носители на нашата економија и
конкурентност, како и креатори на нашиот
бруто домашен производ. Во оваа насока,
нашите компании, покрај другите извори
на финансирање, може да искористат и
финансиска поддршка во рамките на
Програмите на Унијата, на пример Хоризонт
2020, Косме, Еразмус+ и други програми со
вредност повеќе од 100 милјарди евра за
период 2014-2020). Сепак, имајќи ги предвид
трикратните разлики во однос на стапката
на невработеност и животниот стандард
помеѓу еврозоната и Република Македонија
останува отворен предизвикот за
продолжување на фокусирани политики
за привлекување инвестиции во избрани
сектори кои најбрзо ќе ги креираат
врските со глобалната економија.
SINGLE
EUROPEAN MARKET AND PERSPECTIVES OF MACEDONIA
Single
market of the European Union
One
of the greatest achievements of the process
of the decades long integration is the
single purpose of ensuring a wider free
market, without unnecessary obstacles to
free movement of goods, services, people and capital.
Today, the Single European Market includes 28 most developed
countries in Europe and has almost 510 million inhabitants, thereby
potential consumers, with GDP of 14 trillion EUR and highest spending
capacity on the planet.
Benefit
for the economy of the Republic of Macedonia
Thanks
to the agreements and trade relations with the European Union, since
2001 with the entering into force of the Interim
Trade Agreement, and since 2004 with the entering into force
of the Stabilization and Association Agreement
respectively, our companies have nearly
unrestricted access to the large single market of the European
Union, without any limitations and customs duties (except
for agreed special or partial access of certain products to the EU
market). In the last 10 years' period of development of trade
relations, the trade of Republic of Macedonia with the EU reached 75%
of export and 45% of import (or approximately 56% of total trade
exchange for 2014). At the same time, our legal
and institutional system is continually adapting to the EU
legislation and to free movement of goods, services, people and
capital, including extensive application of European standards.
It is to our advantage that we can make use of the benefits from the
preferential treatment of our products in the Stabilization
and Association Agreement, market proximity and decreased
transport costs, as well as the possibility
for easier business connection of our companies with European
companies. However, without increasing the
quality and security of products and services, chances for success on
the domestic market may also proportionally reduce. In this manner,
the Connectivity Agenda for the Western Balkans is of exceptional
importance in the areas of transport and energy infrastructure, as
well as in information and communication technology and education.
Challenges for companies
from the Republic of Macedonia
Although
the possibilities for our companies are enormous, their total
exhaustion requires
continuous investments from companies, development of human capital
and transfer of new and modern technologies for manufacturing
high-quality and safe products, as well as adapting
to the needs of the European customers and capability to compete with
companies worldwide who benefit from free trade agreements with the
European Union, in addition to investments from the state in
creating legal and institutional possibilities.
For comparison purposes, the investments in education in EU-28 are at
the level of 5% to 5,5% in the last five
years, while in Macedonia they reached 4% of GDP. This indicates a
relatively low investment compared to the EU, and it is even more
evident considering our GDP per capita is only 36% of the EU average.
Investments in science and innovations, as well as in research and
development, also need to be increased, in order to increase the
competitiveness of the domestic economy.
Additionally, the investments in research and development in EU-28
are approximately 2% of GDP intending to increase to 3% until 2020,
while currently in Macedonia these are only up to 0,2% of GDP.
These investments are not issues of choice, but rather of survival,
also on the domestic market due to the competitive pressure
imposed by European companies and products on the Macedonian market.
The
role of foreign investments
The
differences between countries on income
level are mostly a reflection of the productivity gap.
High level of foreign investments in the
Central European countries and the Baltic countries lead to narrowing
of the productivity gap and income gap with the old EU member states.
According to research conducted by the Austrian National bank, during
the period between 1996 and 2011 the highest participation growth in
global trade was marked in the Baltic and Central European countries.
At the same time, these countries marked the highest participation
growth in products with higher added value.
This is not a coincidence. Despite the practice of multi-national
companies to transfer production with smaller added value first, the
products are more sophisticated than the ones produced before by
these countries. As the productivity rises,
the costs for workforce grow and the structure of products change
towards products with higher added value. According
to a research by Arnold and Javorcik (2009), foreign investments
encourage country productivity, increase investments and promote
integration in global economy. Key factors
in productivity growth are investments in research and development
(R&D), technical skills and management
skills. Multi-national companies participate with 46% of total
investments in research and development and 69% of total investments
in R&D within the business sector (UNCTAD, 2005). The R&D
budget of Ford is larger than the R&D investments of Spain and
Switzerland. The R&D budget of Daimler
Chrysler is larger than the one of Belgium and Israel. The pharmacy
giant Pfizer has larger R&D budget than Brasil. The share of
foreign companies in R&D investments is 72% in Ireland, 63% in
Hungary, 47% in Czech Republic, 45% in Sweden. Multi-national
companies transfer know-how to their local suppliers, which promotes
supplier’s productivity as well.
Within
such economic circumstances, our state institutions and economic
operators have no other option, but to follow the
new trends of deepening of the Single European
Market. This is imposed by the structure of
our economy and our intense trade relations with the market of the
European Union. The complexity of the process, its dynamics and the
importance of quick reactions and adopting valid decisions require
daily, structural and honest cooperation between institutions of the
state as creators of business climate and economic operators as
carriers of our economy and competitiveness, as well as creators of
our gross national product. In this manner, our companies, alongside
other sources of financing, can make use of the financial support
within the Union Programmes, such as Horizon 2020, Kosme, Erasmus +
and other programmes with value of more than 100 billion Euro for the
period 2014-2020. Nevertheless, having in mind the triple-fold
differences related to the unemployment rate and the standard between
the Eurozone and the Republic of Macedonia, continuing the
implementation of focused policies aimed at attracting investments in
selected sectors in order to create the connection with the global
economy as soon as possible remains an open challenge.